
„Тесла Дајнер“ во Лос Анџелес (САД), кој се отвори на 21 јули, нуди ретро храна, нарачки од екраните на автомобилите „Тесла“ и брзо полнење за сите. Првиот ресторан на „Тесла“ се наоѓа на булеварот Санта Моника во Лос Анџелес, а покрај ресторанот со атмосфера од педесеттите години, има и ретро-футуристички дизајн. Уште во 2018 година, Маск вети дека ќе отвори старомоден ресторан „драјв-ин“, а седум години подоцна, тоа стана реалност. „Тесла“ тврди дека сè е во едно: станица за полнење „Суперчарџер“, класичен американски ресторан и кино „драјв-ин“. Има 80 слотови за „В4 Суперчарџер“ отворени за сите електрични возила што се во согласност со NACS.
„Тесла Даjнер“ е отворен 24 часа на ден, а „Оптимус“, хуманоиден робот развиен од самата компанија, служи пуканки. Можно е да ручате или вечерате во ресторанот, но сопствениците на „Тесла“ можат да нарачаат храна директно од екранот за инфозабава на нивниот автомобил, а таа ќе се служи во картонски кутии во облик на „Сајбертрак“. Досега, најпопуларниот бургер на „Тесла“ е…











