
Акциите на швајцарските производители на луксузни часовници, денес паднаа на отворањето на берзата откако претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, објави воведување царина од 39 проценти за увоз на швајцарска стока.
Петокот беше неработен ден во Швајцарија поради прославата на национален празник, па последиците од најавените царини се чувствуваат на почетокот на трговската недела, објавува „Ројтерс“.
Швајцарската индустрија на часовници, која минатата година извезе стока во вредност од околу 28,5 милијарди евра, веќе има проблеми поради падот на глобалната побарувачка и силниот швајцарски франк што ја намали заработката на компанијата, а новите американски царини дополнително би ја влошиле ситуацијата.











