
Производителот на слаткии „Марс“ објави дека соработува со биотехнолошката фирма „Пејрвајз“ за да го забрза развојот на поотпорно какао со помош на технологијата за уредување гени CRISPR.
Партнерството му дава на производителот на „М&М“ пристап до платформата „Фулкрум“ на „Пејрвајз“, која вклучува библиотека со растителни особини, и му дава можност на „Марс“ да ги прилагоди своите култури за да ги направи посилни и поодржливи.
CRISPR е алатка за уредување на гени што прави брзи и прецизни промени во ДНК. Во земјоделството, се користи за подобрување на земјоделските култури со насочување кон различни карактеристики како што се отпорноста на суша и болести. Целта е да се создадат растенија од какао што можат подобро да издржат болести, топлина и други климатски промени што го загрозуваат глобалното снабдување со чоколадо.
Во октомври, Starbucks обезбеди финансирање за две иновативни фарми во Централна Америка за да го заштити снабдувањето со кафе од глобалното затоплување. Фармите развиваат кафе отпорно на климатски промени и тестираат технологии како дронови и друга механизација.
„Уредувањето на гени овозможува побрз и попрецизен развој од традиционалното одгледување“, изјави Pairwise во соопштение за медиумите.
CRISPR привлече внимание во последниве години поради неговата примена во здравствената заштита, објавува CNBC.











