
Банката на Англија денес ја намали референтната каматна стапка за 25 базични поени на четири проценти, потег што е во согласност со очекувањата на пазарот.
Одлуката е донесена со тесно мнозинство од 5-4, бидејќи четири члена на Комитетот за монетарна политика (MPC) сакаа каматните стапки да се задржат на 4,25 проценти, делумно поради неодамнешниот пораст на инфлацијата во Велика Британија, објавува „Гардијан“.
Гласањето во првиот круг покажа неочекувана рамнотежа на моќ 4-4-1, бидејќи еден член првично сакаше намалување од 50 базични поени, но се согласи на поскромно намалување од 25 базични поени во вториот круг.











