Мери Бара, прва жена на чело на GM

118

GM Senior VP Global Product Development Mary BarraGeneral Motors вчера ја именуваше Мери Бара за нов директор, со што стана прва жена во историјата на САД на чело на голема автомобилска компанија, јавуваат агенциите.

Бара (51) функцијата официјално ќе ја преземе на 15 јануари од Ден Акерсон, кој е извршен директор на GM од 2010 година и кој најави дека заминува во пензија.

“Чест ми е што ќе ја водам најдобрата екипа и ќе придонесам за забрзан раст во овој исклучително успешен период, во кој нашата компанија бележи најдобри финансиски резултати во поновата историја”, стои во соопштението на Бара.

Бара во GM е 33 години. Кариерата ја започнала како приправник, а сега е потпретседател за глобален развој на производи.