
Јапонскиот производител на автомобили „Тојота“ ја намали својата прогноза за годишна оперативна добивка за дури 600 милијарди јени (повеќе од четири милијарди долари) поради американските царини и неповолните девизни курсеви.
Кварталните приходи на „Тојота“ од април до јуни од 12,25 трилиони јени ги надминаа пазарните очекувања, но оперативната добивка на компанијата се намали за 11 проценти на годишно ниво на 1,17 трилиони јени, објави Си-Ен-Ен.
Во исто време, нето добивката на „Тојота“ се намали за 37 проценти на годишно ниво, на 841,3 милијарди јени, се додава во извештајот.











