Ако не изедете сè во чинијата, плаќате казна – нови правила во рестораните

Во Дортмунд, сè повеќе ресторани одлучуваат да го попречат фрлањето храна со воведување казни за гостите кои ќе остават полна чинија.

Навидум строгата мерка има јасна цел: да се намалат огромните количини храна што секојдневно завршуваат во кантата поради преценување на сопствениот апетит.

Во бифеата каде што можеш да јадеш колку што можеш, многумина земаат повеќе отколку што можат да изедат. Резултатот? На крајот на денот, рестораните фрлаат десетици килограми храна.

Во познатиот ресторан „Лахуху“ во округот Унионфиртел во Дортмунд, воведено е правило од 3 евра за секои 100 грама храна оставена на чинијата. Политиката е јасно прикажана на видливи места, а прекарот на оваа такса е „евро за дисциплина“.

Огромни количини на фрлена храна
Податоците од германското Сојузно министерство за земјоделство и храна покажуваат дека дури 10,8 милиони тони храна се фрлаат во Германија годишно, од кои угостителскиот сектор е одговорен за околу 2 милиони тони.

Синдикатот за прехранбена, угостителска и услужна индустрија (NGG) ја поддржува оваа практика, но предлага парите од казните да не одат само кај сопствениците на ресторани – туку дел од нив да оди кај персоналот, а остатокот за хуманитарни цели, како што е програмата „Леб за светот“.

– Воведувањето на вакви правила ги натера луѓето да размислат колку храна навистина можат да јадат. Секоја порција има вредност – зад неа стојат работа, ресурси и време, вели НГГ.

Ова не е само етички проблем, туку и економски. Рестораните што фрлаат храна во вредност од стотици евра неделно не само што губат пари, туку и ја загрозуваат одржливоста на нивниот бизнис. Тие пари, според синдикалците, би можеле да се инвестираат во повеќе вработени или подобри плати.

Пораката е јасна – јадете колку што сакате, но не претерувајте. Во свет каде што милиони луѓе немаат што да јадат, луксузот на фрлање храна станува општествено неприфатлив, пишува Телеграф.