Советник за криптовалути на Трамп ја напушта Белата куќа и се враќа во приватниот сектор

Бо Хајнс, советник за криптовалути во Белата куќа, соопшти дека ја напушта администрацијата на претседателот Доналд Трамп и се враќа во приватниот бизнис.

„Служењето во администрацијата на претседателот Трамп и работењето рамо до рамо со нашиот брилијантен експерт за вештачка интелигенција и криптовалути, Дејвид Сакс, во Белата куќа беше голема чест за мене.

Заедно ја позициониравме Америка како светски центар на криптовалутите.

Длабоко сум благодарен на индустријата за нејзината непоколеблива поддршка во сè што изградивме заедно“, објави Хајнс на својот профил X.

Претходниот месец, Советот за криптовалути на Белата куќа издаде комплетен извештај во кој се наведени политичките приоритети за регулирање на пазарот на дигитални валути.