УНИБанка целосно ја реализираше четвртата емисија на перпетуални обврзници – собрани 5 милиони евра

УНИБанка АД Скопје успешно ја заврши четвртата емисија на перпетуални обврзници, при што беа продадени сите 5.000 понудени обврзници, во вкупен износ од 5 милиони евра. Со тоа, банката постигна реализација од 100 проценти, информираат од институцијата преку известување до Македонската берза, во согласност со Глава 6 од Правилата за котација.

“УНИБанка АД Скопје известува дека заврши четвртата емисија на перпетуални обврзници. Од понудените 5.000 перпетуални обврзници, продадени се 5.000 перпетуални обврзници во вкупен износ од 5.000.000 евра, со што продажбата е реализирана со процент на реализација од 100%“, стои во објавата.