
Годишната стапка на инфлација во Франција се забрза во октомври од септемвриските 3,1 проценти на 3,4 проценти, според прелиминарната проценка, што е највисока вредност од јануари 2024 година, според извештајот објавен денес од Националниот институт за национална статистика и економски истражувања (Insee).
Растот на цените на енергијата се забрза четврти месец по ред, првенствено поради дериватите на гас и нафта, од септемвриските 21,3 проценти на 24,1 процент на годишно ниво.
Инфлацијата во услужниот сектор, исто така, се забрза, од 2,4 проценти на 2,6 проценти, под влијание на повисоките цени за сместување и транспорт.












