
Врховниот суд на Норвешка денес пресуди дека дозволите за експлоатација на нафта и гас на три локации во Северното Море се нелегални, бидејќи владата во Осло не го проценила соодветно нивното влијание врз климатските промени, што претставува правна победа за еколошките организации во спорот против норвешката држава.
Мнозинството од 11-те судии на највисокиот суд во Осло заклучија дека при одобрувањето на проектите, влијанието на емисиите на јаглерод диоксид што произлегуваат од согорувањето на нафта и гас од тие наоѓалишта не било доволно земено предвид.
Тужба против владата беше поднесена во 2023 година од Гринпис и организацијата „Природа и млади“, тврдејќи дека проектите биле одобрени без проценки на влијанието врз животната средина што ги бара законот.
Одлуката нема да влијае на производството
Тужба против владата беше поднесена во 2023 година од страна на Гринпис и организацијата „Природа и млади“, тврдејќи дека проектите биле одобрени без проценки на влијанието врз животната средина што се бараат со закон.
Пресудата се однесува на полињата Брајдблик, Тирвинг и Играсилд, кои ги управуваат „Еквинор“ и „Акер БП“.
Судот ѝ наложи на норвешката држава да ги преиспита веќе издадените дозволи, но одлуката нема веднаш да го запре производството или развојот на овие проекти, бидејќи компаниите што управуваат со нив не беа страни во судската постапка.
Се однесува на државата, а не на приватните компании.
Пресудата, според еколошките активисти, значи дека Норвешка, при преиспитувањето на дозволите, мора да го земе предвид целокупното влијание на овие проекти, како и на другите локации на норвешкиот континентален гребен, врз глобалното затоплување.
Норвешкиот државен обвинител Фредерик Сејерстед, сепак, нагласи дека пресудата има правно дејство само во однос на државата, а не и на компаниите што управуваат со наоѓалиштата.











