
Организацијата на земјите извознички на нафта ОПЕК+ ја зголеми својата прогноза за глобалната побарувачка на нафта за следната година и ја намали својата проценка за растот на понудата од други производители надвор од групата.
Доколку е така, тоа би ѝ олеснило на ОПЕК да продолжи со својот план за зголемување на производството за да го врати пазарниот удел по годините намалувања, објави Ројтерс.
Во својот месечен извештај, Организацијата на земјите извознички на нафта истакна дека светската побарувачка за нафта треба да се зголеми за 1,38 милиони барели дневно во 2026 година, што е зголемување од 100.000 барели дневно во споредба со претходната прогноза.











