Меѓународната агенција за енергија ја зголеми прогнозата за раст на понудата на нафта во 2025-та

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) денес објави дека очекува побрз раст на глобалната понуда на нафта во 2025 година, откако нафтениот картел ОПЕК плус одлучи да го зголеми производството.

Во исто време, проценката за глобалната побарувачка за нафта беше малку намалена поради послабите економски активности во водечките светски економии, објавува Ројтерс.

Во месечниот извештај, ИЕА соопшти дека глобалната понуда на нафта треба да се зголеми за 2,5 милиони барели дневно (bpd) оваа година, што е повеќе од претходно прогнозираните 2,1 милиони барели дневно.