
Мнозинството Швајцарци веруваат дека земјата не треба да прави отстапки кон САД по воведувањето на високите царини, и покрај тоа што јавноста очекува економски тешкотии како резултат на тоа, објави денес швајцарскиот институт YouGov.
Според анкетата на таа агенција, речиси две третини од испитаниците веруваат дека швајцарската влада не треба да си дозволи да биде под притисок, дури и ако тоа значи царини од 39 проценти за извоз во САД.
Само една четвртина од анкетираните веруваат дека Берн треба да попушти по споменатите одлуки на американскиот претседател Доналд Трамп.











