Швајцарија објави предлози за дизајнот на новите банкноти, сака да го чуе мислењето на јавноста

Швајцарската национална банка (SNB) денес објави дванаесет предлози за дизајн на нови банкноти под темата „Швајцарија и нејзините височини“ и започна јавна дебата за граѓаните да можат да ги оценат.

Анкетата ќе трае од 13 август до 7 септември, а сите заинтересирани страни можат да пристапат до предлозите и да го изразат своето мислење преку официјалната веб-страница www.newbanknoteseries.ch.

Покрај јавноста, предлозите ќе бидат оценети од советодавен одбор составен од експерти од различни области, вклучувајќи филозофија, култура, графички дизајн и печат.