
Извозот на британски стоки во Соединетите Американски Држави падна на најниско ниво за повеќе од три години во јуни, покажаа официјалните податоци во четврток, што ги одразува последиците од почетниот бран на увозни тарифи воведени од американскиот претседател Доналд Трамп.
Продажбата на британски стоки во САД достигна вкупно 3,9 милијарди фунти (5,3 милијарди долари), што е намалување за 0,7 милијарди фунти во однос на мај и околу 20 проценти под просечното месечно ниво од 4,9 милијарди фунти во текот на 2024 година. Последен пат извозот беше помал од ова беше забележан во февруари 2022 година, објави Ројтерс.
Британскиот премиер Кир Стармер и американскиот претседател Трамп постигнаа трговски договор што стапи на сила на 30 јуни, со кој се намалуваат високите царини за автомобили и делови за воздухопловната индустрија, но се одржува царина од 10 проценти за поголемиот дел од извозот, додека челикот сè уште не е опфатен со договорот.











