Кој го држи светското богатство? САД и Кина контролираат повеќе од половина, а Европа е далеку зад нив

Земјите од Европската Унија поседуваат само 16,6% од личното богатство во светот, а кога ќе се додадат уште четири европски земји – Велика Британија, Швајцарија, Норвешка и Турција, тој удел се зголемува на 22,3%.

Соединетите Американски Држави поседуваат повеќе од една третина од светското богатство (34,7%), додека Кина поседува речиси една петтина (19,4%). Заедно, овие две сили контролираат 54% од вкупното светско богатство, според Извештајот за глобалното богатство на UBS за 2025 година.

Извештајот опфаќа 56 земји и пазари, кои заедно претставуваат повеќе од 92% од светското богатство.

Најбогатите земји во Европа според вкупното лично богатство:

Велика Британија – 3,84% од светското богатство (16,7 трилиони евра)
Германија – 3,76% (16,4 милијарди евра)
Франција – 3,3% (14,3 трилиони евра)
Италија – 2,25%
Шпанија – 1,95%
Овие пет земји заедно поседуваат 15,1% од светското богатство – што е сепак помалку од уделот на Кина.

Холандија (1,14%) и Швајцарија (1,04%) се единствените други европски земји со удел над 1%, додека повеќето други имаат помалку од 0,4%. Луксембург, Бугарија, Словачка, Словенија, Литванија, Латвија, Кипар, Естонија и Малта имаат најмал удел, под 0,1%.

Регионални трендови
Во 2024 година, Источна Европа забележа најголем раст на вкупното лично богатство во светот – над 12% во споредба со 2023 година.

Западна Европа и Океанија паднаа за 1,5%, додека Латинска Америка забележа пад од 4,3%.

UBS забележува дека комбинацијата од големо богатство по глава на жител и големина на населението им дава на САД и Кина доминација на глобалната сцена.