Огромен раст на потрошувачката на енергија за центрите за податоци во следните неколку години

Целиот свет ќе потроши приближно 415 TWh електрична енергија за центри за податоци оваа година, според најновата проценка на Меѓународната агенција за енергија (IEA).

Центрите за податоци трошат огромна количина енергија и ќе трошат уште повеќе со напливот на нови технологии базирани на вештачка интелигенција (AI).

Инсталираниот капацитет на центрите за податоци расте на глобално ниво, што ИЕА го наведува како главен двигател на растот на потрошувачката на електрична енергија воопшто. До 2030 година, ИЕА предвидува дека оваа потрошувачка ќе се зголеми повеќе од двојно, на околу 945 TWh (приближно вкупната потрошувачка на Јапонија денес).

Доколку таа проекција се продолжи до 2035 година, се очекува потрошувачката за центрите за податоци да изнесува околу 1.700 TWh, или околу 4,4 проценти од глобално произведената електрична енергија.