Ламборџини го претстави најмоќниот модел во историјата

Италијанскиот производител на автомобили „Ламборџини“ претстави нов модел, најмоќниот и најбрзиот сериски модел во историјата на компанијата, од кој ќе бидат произведени само 29 примероци.

Новиот модел „Феномено“, кој компанијата го претстави на Неделата на автомобили во Монтереј, Калифорнија, ќе чини три милиони евра, објавува порталот „Мотор илустрејтид“.

„Феномено“ достигнува 100 километри на час за 2,4 секунди, додека максималната брзина останува на 350 километри на час.

Дизајнот носи нов аеродинамичен облик со големи отвори за воздух, LED светла во облик на буквата „Епсилон“ и четири централно поставени издувни отвори.