Турција инвестираше 6,2 трилиони лири во реконструкција по земјотресот: Изградени се 1,3 милиони станови – но не обични

По катастрофалниот земјотрес што го погоди регионот Мармара на 17 август 1999 година, во Турција во текот на изминатите 26 години интензивно се спроведуваат активности за намалување на ризикот од катастрофи и обнова на урбаните средини, објави Министерството за животна средина, урбанизам и климатски промени.

Во координација на министерството и преку Управата за масовно домување (ТОКИ), низ целата земја се изградени стотици илјади нови станбени единици, јавува новинската агенција Анадолу.

Како што е наведено, Министерството инвестирало вкупно 6,2 милијарди лири во проекти во областа на урбанистичкото планирање и заштитата на животната средина во претходните 23 години.

Според податоците на ТОКИ, низ цела Турција се изградени 1.292.270 станбени единици отпорни на земјотреси, додека 63.596 помошни објекти, како што се училишта, болници и културни центри, се пуштени во употреба, а уште 396.686 станови се во изградба.

Проектите спроведени во ризични градежни зони вклучуваа милиони станбени единици, а преку разни мерки за поддршка, како што се помош за кирија, купување недвижности, услуги за дизајн и субвенции за камата, се прави напор истовремено да се обезбеди реконструкција на зградите лоцирани во подрачја склони кон земјотреси и да се подобрат стандардите на модерниот урбанизам.

Под координација на Дирекцијата за урбана трансформација, активностите се спроведуваат во 291 ризична зона и 1.063 резервни градежни области.

Од 2012 година, приближно 2.317.000 станбени единици се вклучени во процесот на урбана трансформација.