
Економистите очекуваат глобалната инфлација да изнесува во просек четири проценти оваа година, според извештај објавен денес од Минхенскиот институт за економски истражувања IFO.
Според анкетата спроведена во вториот квартал од 2025 година, светската инфлација ќе забави само малку на 3,9 проценти во 2026 година, додека би можела да падне на 3,7 проценти до 2028 година.
Резултатите се практично непроменети од анкетата од првиот квартал на 2025 година.
Разликите меѓу регионите се големи. Најниските стапки на инфлација во 2025 година се очекуваат во Западна Европа од 1,8 проценти, што е помалку од целната вредност на Европската централна банка од два проценти.
Спротивно на тоа, значително повисоки стапки на инфлација се предвидуваат во Источна Европа од 7,6 проценти, додека во Азија очекувањата се многу различни од 3,3 проценти во Југоисточна Азија до 11,3 проценти во Централна Азија.
Највисоките стапки на инфлација се предвидуваат за Африка, особено за Северна 40,8 проценти и за Источна 22,9 проценти.
До 2028 година, инфлацијата во Западна Европа се очекува на ниво од 1,9 проценти, додека во Северна Америка и Океанија би можела да биде по 2,7 проценти.
Сепак, во Африка и Азија, долгорочните очекувања за инфлација се значително повисоки од глобалниот просек, според веб-страницата на IFO.
Во анкетата учествуваа 1.340 економски експерти од 121 земја, а истражувањето беше спроведено во периодот од 17 јуни до 1 јули.











