
Мобилната апликација Chat GPT за iOS и Android уреди генерираше 2 милијарди долари приходи од нејзиното лансирање во мај 2023 година, со просечен приход по инсталација од 2,91 долари, според најновиот извештај од Epfigures.
Оваа сума е дури 30 пати поголема од вкупните приходи на конкурентските мобилни апликации базирани на вештачка интелигенција Claude, Copilot и Grok, се додава во извештајот.
Само во првите седум месеци од 2025 година, Chat GPТ заработи 1,35 милијарди долари од инсталации, што е зголемување од 673 проценти во однос на истиот период минатата година, објавува TechCrunch.











