Во античка Грција, богатите се натпреварувале кој ќе плати највисок данок

Иако денес изгледа сосема ирационално, богатите од Античка Грција се натпреварувале во плаќањето даноци, т.е. кој ќе плати најмногу на државата.

Таа земја имала специфичен метод на собирање даноци наречен eisefora. Се однесувал на најбогатите членови на општеството и тоа не секогаш, туку само во времиња како војни, кога на државата ѝ биле потребни дополнителни приходи. Според прописите, богатите можеле да одбијат да го платат овој данок ако верувале дека има многу побогати од нив кои треба да го платат. Сепак, ова ретко се случувало.

Сепак, постоел и друг начин за собирање пари познат како литургии. Вклучувал повикување на богатите Атињани да инвестираат во јавни работи или да поддржат културни настани. Бидејќи станувало збор за донација, можело да се одбие, но во тоа време ретко кој одбивал да издвои средства за државата бидејќи тоа претставувало престиж. Уште повеќе, богатите се натпреварувале кој ќе издвои најголема сума, за подоцна да можат да се фалат дека благодарение на нив се одржал театарски фестивал или бил изграден пат.

Од каде дојдоа сите тие пари?
Античка Грција не беше сиромашна земја. Дури и пред воспоставувањето на демократијата, таа беше моќна земја која одгледуваше претежно грозје и маслинки, а добар дел од својата храна ја обезбедуваше од надворешна трговија. Трговијата цветаше, не само поради оваа потреба, туку и поради фактот што оваа земја се наоѓаше во срцето на Средоземното Море.

Античките Грци биле и извозници кои ја следеле побарувачката на пазарот и однапред планирале што ќе произведуваат за извоз. Токму таквите одгледувачи станувале богати луѓе од кои државата собирала даноци, пренесува Банкар.ме.