Рикардо Белини е новиот извршен директор на италијанската модна куќа „Валентино“

Италијанската модна куќа „Валентино“  објави дека го назначила искусниот менаџер за модна индустрија Рикардо Белини за свој нов извршен директор.

Белини доаѓа на новата позиција од катарскиот фонд Меџул, мнозинскиот сопственик на „Валентино“, а официјално ќе ја преземе функцијата на почетокот на септември, објавува Ројтерс.

Промената е дел од поширок бран промени во менаџерските и креативните тимови на луксузните брендови, бидејќи модната индустрија се соочува со пад на побарувачката на нејзините клучни пазари во САД и Кина.