
Централната банка на САД се двоуми да ги намали каматните стапки поради страв од инфлација предизвикана од царините, според најновите записници од состанокот за монетарна политика во јули, на кој беше одлучено да се задржи референтната каматна стапка во опсег од 4,25 до 4,5 проценти по петти пат по ред.
Девет члена на Федералниот комитет за монетарна политика (FOMC) гласаа за одлуката, додека двајца гувернери, Мишел Боуман и Кристофер Волер, побараа намалување на стапката од 0,25 процентни поени поради ризици за вработувањето.
Ова е прв пат од 1993 година двајца члена јавно да се спротивстават на мнозинството, објавува Fox Business.











