
Албанија се истакнува како европски првак во генерирање на енергија од обновливи извори, со импресивни 99,3 проценти, додека Норвешка е веднаш зад неа со 99,1 отсто, соопшти албанската владина Агенција за медиуми и информации
“Овој показател е важен факт, во време кога енергетските предизвици се од витално значење на нашиот континент, а управувањето со ресурсите е приоритет на самата Европска Унија.”
Според Агенцијата, Албанија и Норвешка се предводници со речиси целосно производство на електрична енергија од обновливи извори, во споредба со просекот на ЕУ кој изнесува 42 отсто.
По Албанија и Норвешка, во листата се наоѓа Данска со 88,6 проценти, Луксембург со 87,4 и Португалија со 78,6 отсто.











