
Американската технолошка компанија Apple лансира тригодишен план за целосна трансформација на iPhone, својот најпознат производ, со кој сака да го врати чувството на задоволство кај клиентите.
Компанијата планира три последователни години големи промени во дизајнот на iPhone, а првиот чекор ќе дојде веќе во септември, кога се очекува новиот „iPhone Air“, потенок и полесен модел што ќе го замени „iPhone 16 Plus“. Дизајнот ќе биде минималистички и лесен, што бара одредени компромиси како што се пократок век на траење на батеријата, отсуство на слот за SIM картичка и само една задна камера.
Тоа ќе биде првиот уред со сопствен модемски чип на Apple, откако компанијата од Купертино досега користеше решенија од Qualcomm, објавува Bloomberg.











