Руската економија ќе порасне за најмалку 1,5 проценти оваа година

Руската економија ќе порасне за најмалку 1,5 проценти оваа година, изјави министерот за финансии на земјата Антон Силуанов на состанокот меѓу претседателот Владимир Путин и членовите на владата.

Силуанов нагласи дека стапката на економски раст на Русија е сè уште позитивна и покрај строгите монетарни услови, објавува Комерсант.

Директорот на одделот за монетарна политика на Банката на Русија, Андреј Ганган, во интервју за Росијска газета, објавено минатата недела, изјави дека очекува економијата на Русија да порасне за еден до два проценти во 2025 година, а централната банка верува дека растот ќе продолжи и следната година.