
Профити повисоки и за 100 пати во ковид-кризната 2021 година во однос на остварените во 2024 година. Добивки што се бројат во милиони евра во период на здравствена криза. Ланските профити на дел од прватните лаборатории драматично пониски од оние во ковид-кризната 2021 година. Според пресметките на Бизнис Инфо во ковид-кризната 2021 само три приватни лаборатории прикажале вкупен приход од 23 милиони евра.
Бизнис Инфо ги профилира финансиското работење на дел од водечките лаборатории.
БИОТЕК ДОО експорт-импорт Скопје е лабораторија која според остварената добивка во 2024. е прва во групата на приватни лаборатории. Оваа приватна здравствена установа лани прикажала профит во износ од 2,26 милиони евра. Зад неа со профит од 226 200 е ПЗУ -дијагностичка лабораторија АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА Скопје, а на трето место со прикажана добивка од скоро 10.000 евра во 2024 е ПЗУ дијагностичка лабораторија со биохемиска и микробиолошка лабораторија СИНЛАБ Скопје.
Добивка 2024 Добивка2021
БИОТЕК ДОО експорт-импорт Скопје 2 262 410 е 3 706 200 е
АВИЦЕНА лабораторија Скопје 226 200 е 2 809 000 е
ПЗУ Синлаб Скопје 10 000 е 924 162 е
Податоците од “Бизнис-мрежа“ покажуваат дека во изминатите две години профитите на приватните лаборатории се значајно намалени во однос на двете ковид-кризни години 2020 и 2021 кога добивките на лабораториите и воопшто на приватното здравство уриваа рекорди. Највисоките износи на профити се прикажани во 2021 кога ковид кризата кулминираше, а граѓаните во борбата за здравје не прашуваа за цена за третман, лекување, испитувања, ковид-тестирања.
Еве што покажуваат податоците за трендот на движење профитот на дел од лабораториите.
Во период од седум години, од 2018 до крајот на 2024, Битоек во 2021 ја прикажала најголемата добивка во износ од 3,7 милиони евра, што е за околу 1,5 милиони евра повеќе во однос на 2024. Во анализираната 2021 АВИЦЕНА имала профит во износ од 2,8 милиони евра што е за фантастични 12 пати повеќе во однос на ланската добивка. Профитот на Синлаб е со најдлабока разлика – во референтната 2021 бил близу 1 милион евра што е за дури 100 пати повисок од ланскиот, кој бил само 10 000 евра.
Во пикот на кризната 2021 година освен овие три лаборатории, милионски добивки прикажале и ПЗУ НИКОБ ЛАБ Скопје со профит од 1 398 000 евра и ПЗУ РАМУС со добивка во износ од близу 59 000 евра.
Само во ковид-кризната 2021 – три лаборатории имале вкупен приход од 23 милиони евра…
Профитите во здравствената криза беа проследени со зголемени приходи и расходи. Конкретно Биотек во 2021 имала приход во износ од 15,2 милиони евра, Авицена имала 7,2 милиони евра, на трето место со приход од 4 милиони евра е Никоб лаб, следува Синлаб со скоро 3,8 милиони евра приходи и на петто место е Рамус со речиси 530 000 евра.
Споредбената анализа со ланските приходи што ја направи Бизнис Инфо покажува дека лабораторијата Битотек во 2024 прикажала дури повисоки приходи во однос на референтната 2021, но и повисоки расходи, поради што и добивката е пониска во однос на онаа во 2021. Лани Битоек била водечка во групата приватни лаборатории со прикажан приход од 15,3 милиони евра, на второ место е Авицена со скоро 3,8 милиони евра, а на трето Синлаб со прикажана добивка во износ од 2,7 милиони евра.











