Samsung закажа презентација за 4 септември, фановите сакаат телефон со троен преклоп

Јужнокорејската технолошка компанија Samsung  потврди дека ќе одржи нова презентација, позната и како настан Anpekd, на 4 септември, само еден ден пред почетокот на саемот за технологија IFA во Берлин.

Настанот ќе се одржи онлајн, почнувајќи во 11:30 часот по средноевропско време, а емитувањето е достапно и на официјалната веб-страница на Samsung и на платформата YouTube.

Компанијата не откри што ќе претстави, но поканата за настанот навестува „преклопување и расклопување“ на новите уреди, поттикнувајќи шпекулации кај љубителите на технологијата дека сега би можел да биде моментот за долгоочекуваниот телефон со тројно преклопување, објавува The Verge.