
Трговскиот дефицит на Турција падна на 6,44 милијарди долари во јули, што е најниско во последните десет месеци, објави денес Турскиот статистички институт.
Тоа е намалување од 12 проценти во споредба со 7,3 милијарди долари во истиот месец минатата година, објави „Трејдинг економикс“.
Извозот порасна за 11 проценти во набљудуваниот период, на 24,94 милијарди американски долари, првенствено како резултат на растот на производството за 12,1 процент и другите сектори (за 27,1 процент), што го компензираше падот во земјоделството (11,3 проценти) и рударството (16,1 процент).
Турција сè уште најмногу извезува во Германија, со удел од 7,9 проценти, по што следат Обединетото Кралство (6,8 проценти) и САД (6,3 проценти), откако Вашингтон воведе царини од 15 проценти за извозот на турска стока почнувајќи од август.
Во меѓувреме, увозот порасна со поблага стапка од 5,4 проценти (на 31,38 милијарди долари), а повеќето стоки и услуги доаѓаат од Кина, сочинувајќи 14,8 проценти од вкупниот износ, по што следат Русија (11,3) и Германија (9,6).











