
Пензионерите од денес ги имаат на располагање своите пензии за месец август. Средствата се веќе префрлени на нивните сметки и можат да се подигнат преку сите канали на Халкбанк АД Скопје.
Како што информираат од банката, пензиите се достапни во сите филијали на Халкбанк, како и на банкоматите, електронското и мобилното банкарство.
Дополнително, пензионерите кои претходно дале согласност можат да ги подигнат своите средства и преку поштенските единици на Пошта на Северна Македонија














