Исплатата на пензиите за август започнува на 1 септември

Исплатата на пензиите за месец август ќе започне во понеделник, 1 септември 2025 година, информираат од Комерцијална банка.

Започнуваме со исплата на пензиите од понеделник, 1 септември. Ако користите дебитна картичка, со вашата пензија ќе може да располагате истиот ден.

Користете ја безбедно и удобно – плаќајте безготовински во продавница или онлајн или, пак, подигнете пари од банкомат.

Ако повеќе сакате да ја подигнете пензијата во филијала или експозитура, ќе може да го направите тоа од 1 септември (понеделник) и во секој работен ден после тоа.