Седумте најголеми компании во светот остварија нето добивка од 143 милијарди долари

Седумте најголеми компании во светот, Microsoft, Apple, Alphabet, Amazon, Meta, Nvidia и Tesla, заедно остварија нето добивка од 143 милијарди долари во вториот квартал од годината, според нивните финансиски извештаи.

Овие компании, честопати наречени „Величествените 7“, забележаа зголемување на нето добивката од 27,6 проценти во споредба со истиот период минатата година и раст од 3,5 проценти во споредба со претходниот квартал.

Вкупните приходи на овие компании достигнаа 551,4 милијарди долари, што претставува раст од 15,4 проценти во споредба со истиот квартал минатата година, и зголемување од 6,6 проценти во споредба со претходниот квартал.

Капиталните инвестиции на овие компании се зголемија за 66,1 процент на годишна основа – од 58,3 на 96,8 милијарди долари, додека на квартална основа е забележан раст од 24,6 проценти.

Алфабет, матичната компанија на Google, оствари највисока нето добивка меѓу групата од 28,2 милијарди долари во вториот квартал. Microsoft со 27,2 милијарди долари, Nvidia со 26,4 милијарди долари, Meta со 18,3 милијарди долари, Amazon со 18,2 милијарди долари и Tesla со 1,2 милијарди долари.

Tesla имаше најголем квартален пораст на нето добивката од 186,6 проценти, скокајќи од 409 милиони долари во претходниот квартал.

Nvidia објави зголемување на кварталната нето добивка од 40,7 проценти, по што следуваат Meta со 10,2, Amazon со 6,1, Microsoft со 5,5, додека Alphabet и Apple забележаа пад – Alphabet со 18,4 и Apple со 5,4 проценти.

Nvidia постигна најголем номинален пораст на нето добивката од 7,6 милијарди долари.

Alphabet бележи постојан квартален раст на нето добивката од четвртиот квартал од 2022 година, но во вториот квартал од оваа година имаше пад од 34,5 милијарди долари на 28,2 милијарди долари, со што се прекина тој тренд.

На годишно ниво, Nvidia забележа најголем раст на нето добивката од 59,2 проценти, по што следуваат Meta со 36,2, Amazon со 34,7, Microsoft со 23,6, Alphabet со 19,4 и Apple со 9,3 проценти. Tesla имаше пад од 16,3, на 1,2 милијарди долари.

Amazon  имаше највисоки квартални приходи од 167,7 милијарди долари, по што следуваат Alphabet со 96,4 милијарди, Apple со 94 милијарди, Meta со 47,5 милијарди, Nvidia со 46,7 милијарди и Tesla со 22,5 милијарди.

Во однос на кварталниот раст на приходите, Tesla беше предводник со 16,3 проценти, додека Apple беше единствената компанија што забележа мал пад од 1,4 проценти.

На годишно ниво, Nvidia оствари најголем раст на приходите од 55,6 проценти, по што следуваат Meta со 21,6, Microsoft со 18,1, Alphabet со 13,8, Amazon со 13,3, Apple со 9,6 проценти, додека Tesla имаше пад од 11,8 проценти, намалувајќи ги приходите на 25,5 милијарди долари.

Кога станува збор за капитални инвестиции, Amazon инвестираше најмногу со 32,2 милијарди долари во вториот квартал, по што следуваат Alphabet со 22,5 милијарди долари, Meta со 17,3 милијарди долари, Microsoft со 17,1 милијарди долари, Apple со 3,5 милијарди долари, Tesla со 2,4 милијарди долари и Nvidia со 1,9 милијарди долари.

И покрај малиот пад во третиот квартал од минатата година, Alphabet одржува стабилно ниво на капитални инвестиции од првиот квартал од 2023 година.

Meta имаше најголем годишен раст на капиталните инвестиции од 111,8 проценти, од 8,2 милијарди долари на 17,3 милијарди долари, по што следува Nvidia со 93,9 проценти на 1,9 милијарди долари. Раст на капиталните инвестиции забележаа и Amazon 82,7 проценти, Alphabet 70,2 проценти, Apple 60,9 проценти, Microsoft 23,1 процент и Tesla 5,4 проценти.

Аналитичарите известуваат дека растот на инвестициите во вештачка интелигенција (ВИ) и центри за податоци, како и зголемувањето на долгорочните инвестиции, доведоа до значителен раст на капиталните расходи.