
Германската федерална служба за вработување објави дека бројот на невработени надминал три милиони, а ова не е единствената лоша вест со оглед на тоа што германската економија се намали за 0,3 проценти во вториот квартал од оваа година, па може да се каже дека економскиот просперитет на земјата е во опасност, пишува „Билд“.
За споредба, американската економија порасна за дури три проценти во истиот период.
Според весникот, рецесијата во Германија трае веќе три години, што никогаш не се случило во историјата на Сојузната Република, и нема знаци на подобрување на повидок.
Бројот на банкроти на корпорации се зголеми за 19,2 проценти во јули, во споредба со претходната година, а инфлацијата повторно е во пораст, па цените пораснаа за 0,2 проценти во август.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц во саботата најави строги мерки за штедење во оваа кризна ситуација, велејќи дека Германија со години живеела над своите можности, како и дека сегашниот систем е неодржлив со приходите што се генерираат.
Иако канцеларот им вети на граѓаните дека ќе почувствуваат забележителни подобрувања од летото, се случи токму спротивното, според „Билд“.











