
Изабел Шнабел, членка на Извршниот одбор на Европската централна банка (ЕЦБ), денес изјави дека банката треба да ги задржи каматните стапки на исто ниво поради инфлаторните ризици.
Во изјава за Ројтерс, Шнабел предупреди дека глобалните каматни стапки би можеле да пораснат побрзо од очекуваното поради трговските мерки на САД, високите владини трошоци и стареењето на населението.
Зборувајќи за нападите на американскиот претседател Доналд Трамп врз Федералните резерви, таа рече дека губењето на автономијата на американската централна банка би можело да ги зголеми трошоците за задолжување низ целиот свет.











