JP Morgan подготвува и дигитална малопродажна банка во ЕУ

JP MorganChase во четвртокот соопшти дека ќе ја лансира својата дигитална малопродажна банка Chase во Германија во вториот квартал од следната година.

Овој потфат означува смел чекор на пренатрупаниот банкарски пазар на најголемата европска економија, објавува Seebiz.

Американскиот банкарски гигант се подготвуваше за ова лансирање долго време во последните години, со серија вработувања, но досега го држеше времето на лансирање во тајност. JP Morgan веќе ја лансираше Chase во Велика Британија во 2021 година. Германија е нејзин втор европски пазар.

Шпанскиот конкурент Banco Bilbao Vizcaya Argentaria SA, исто така, објави планови за лансирање дигитална банка во Германија.