
Американската инвестициска банка Голдман Сакс обелодени дека ќе го преземе раководењето со пензиските фондови на британскиот енергетски колос Шел во вкупна вредност од 40 милијарди долари.
Спогодбата опфаќа трансфер на менаџирањето на имотот на европските пензиски шеми на Шел, како и советодавни услуги за областа на Северна Америка.
Префрлањето на имотот ќе се реализира до крајот на годината, а мандатот подразбира и јавни и приватни средства, како и вложувања кои се во согласност со обврските и паричните текови.
Ваквите договори стануваат сѐ поприсутни меѓу големите корпорации, бидејќи дозволуваат управувањето со пензиските фондови да им се довери на специјализирани инвестициски фирми, пренесува Блумберг.
Фото: Pixabay











