Повеќе дозволи од лани:Во јули издадени 401 одобрение за градење – предвидена изградба на 667 станови

Во јули 2025 година се издадени 401 одобрение за градење, што претставува раст од 7.2% во споредба со истиот месец лани. Вредноста на предвидените објекти бележи значителен скок од 345.3%, пред сè поради издаденото одобрение за изградба на ветерен парк во источниот регион. Најмногу одобренија се однесуваат на високоградба, а Полошкиот Регион е водечки по број на издадени дозволи.

Според подтоците на Државниот завод за статистика бројот на одобренијата за градење во јули 2025 година е зголемен за 7.2 % во однос на истиот период од претходната година

Во јули 2025 година се издадени 401 одобрение за градење, што е за 7.2 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 31 699 433 илјади денари, што е за 345.3 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Зголемената вредност се должи на фактот дека во референтниот период е издадено одобрение за градба за ветерен парк (за производство на електрична енергија од обновливи извори) во општините Штип, Радовиш и Карбинци, кој е со вредност од 500 милиони евра.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 228 (56.9 %) се наменети за објекти од високоградба, 46 ( 11.5 %) за објекти од нискоградба и 127 (31.7 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 401 објект, на 232 (57.9 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 169 (42.1 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 667 станови со вкупна корисна површина од 60 676 м2.