Лари Елисон сега е најбогатиот човек во светот

Откако технолошкиот гигант „Оракл“ објави податоци за огромниот скок на побарувачката за капацитетите на своите центри за податоци од страна на корисниците на вештачка интелигенција, односно дека веќе потпишале четири договори чија вредност се мери во милијарди долари, акциите на технолошката компанија скокнаа во небо.
Во бројки, само вчера за 41 процент, што е најголемиот скок за таа компанија за еден ден од 1992 година.

Како резултат на тоа, богатството на најголемиот акционер и основач на компанијата, Лари Елисон, порасна толку многу што, според „Блумберг“, тој го отстрани долго недопирливиот Илон Маск од првото место на најбогатите луѓе во светот. Богатството на Елисон се зголеми за 101 милијарда долари преку ноќ и достигна 393 милијарди долари, што беше доволно за да го симне Маск од тронот, чија нето вредност моментално изнесува 385 милијарди долари.

Лари Елисон, ветеран од технолошката индустрија на 81-годишна возраст, за прв пат седна на чело на најбогатите луѓе во светот. До објавувањето на профитабилните договори за складирање на податоци и осигурување на енергија за компаниите за вештачка интелигенција, Oracle имаше пазарна вредност од околу 700 милијарди долари, од денес би можел да се придружи на ретките компании во светот чија пазарна капитализација е над трилион долари.