Open AI и Oracle потпишаа договор вреден 300 милијарди долари за купување компјутерски капацитет

Американската компанија за развој на вештачка интелигенција Open AI потпиша договор со компанијата Oracle вреден 300 милијарди долари за купување на компјутерски капацитет за период од пет години, објавува Wall Street Journal (WSJ), повикувајќи се на анонимни информирани извори.

Испораката на капацитетот од 4,5 гигавати треба да започне во 2027 година.

Ова е еден од најголемите договори во историјата на cloud индустрија и покажува дека трошоците на компаниите за центри за податоци продолжуваат да рушат рекорди.