
Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) во својот месечен извештај објавен објави дека глобалната побарувачка за нафта ќе се зголеми за 1,3 милиони барели дневно (bpd) оваа година, достигнувајќи вкупно 105,14 милиони bpd.
Се очекува дополнителен раст од 1,4 милиони барели дневно во 2026 година, што би ја довело глобалната потрошувачка до 106,52 милиони bpd. Двете прогнози не се променети во споредба со август, пренесува ТАСС.
Според проценките, Кина, Индија и другите азиски земји ќе бидат главните двигатели на растот, со околу 1,2 милиони барели дневно дополнителна побарувачка на годишно ниво.











