
Министерството за финансии и економија на Грција соопшти дека Владата, од почетокот на својот мандат во 2019 година, има намалено вкупно 83 даноци и придонеси. Оваа информација беше објавена за време на Меѓународниот саем во Солун, а ја пренесе дописничката на МИА од Атина. Новите даночни олеснувања ќе стапат на сила на 1 јануари 2026 година.
Од вкупниот број на намалувања, 25 се однесуваат на индиректно оданочување. Во оваа категорија спаѓа и редукцијата на стапката на ДДВ од 24 на 13 проценти за градскиот, приградскиот и копнениот железнички превоз, како и намалувањето на ДДВ за производите за бебиња.
Министерството, исто така, потсети дека меѓу новите мерки кои ќе започнат да важат на почетокот на 2026 година се и: намалување на стапката на данок на доход за вработените, пензионерите, земјоделците и хонорарците, со посебен фокус на семејствата со деца и средната класа; воведување на нова меѓустапка од 25 проценти на данокот на приход од изнајмување недвижности; намалување на стапката на ДДВ за 30 проценти на островите во северниот дел на Егејското море и Додеканезите и во префектурата Еврос со население до 20.000 жители итн.
Според податоците од Министерството, најголем број од овие намалувања биле имплементирани во текот на 2020 година. Како што беше соопштено, Владата од почетокот на својот мандат во 2019 година намали вкупно 83 даноци и придонеси.











