Европска земја ги прошири санкциите против Русија, додавајќи уште три лица и 27 компании на листата

Велика Британија го прошири својот список на санкции против Русија и додаде уште три лица и 27 компании на списокот, објави британското Министерство за финансии.

Мерките вклучуваат замрзнување на средствата и забрани за водење бизнис со наведените лица и организации, освен ако не се даде одобрение од страна на Управата за финансиски санкции на Велика Британија.

На списокот се вклучени бројни руски производители од воено-индустрискиот сектор, вклучувајќи ги „Анозит“, „Протон“, „Брјанск хемиски комбинат“, „Синвент“, „Икар“, „Елеконд“ и „Поиск“, како и неколку фабрики и институти како што се „Мезон“, „Завода Реконд“ и „Саратовски радиозавод“.

Покрај руските компании, новите санкции влијаат и на странски компании поврзани со заобиколување на ограничувањата: три од Хонг Конг, една од Индија, три од Тајланд и една од Турција, пренесува Интерфакс.

На списокот се вклучени и две компании регистрирани во Москва со кинески капитал – „Бин Јин“ и „Син Ју“.

Санкции се воведени против двајца руски државјани и еден државјанин на Азербејџан, а обврска на сите субјекти во Велика Британија е да ги пријават своите средства и деловни врски до надлежните институции.

Според британската влада, овој пакет санкции против Русија е насочен кон танкери што транспортираат руска нафта, како и компании и поединци што обезбедуваат електроника, хемикалии и експлозиви за руската воена индустрија, објавува Ројтерс.

Пакетот санкции вклучува 70 бродови што транспортираат руска нафта, како и 30 компании и поединци поврзани со снабдување со руски системи за оружје.