
Македонската берза АД Скопје објави дека на друштвата РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје и Жито Караорман АД Кичево им е изречена мерката јавна опомена, поради непочитување на обврските кои произлегуваат од котацијата на Официјалниот пазар.
Двете компании не ги доставиле неревидирани финансиски извештаи за периодот од 1 јануари до 30 јуни 2025 година, ниту пак го приложиле потребното образложение за нивното необјавување во предвидениот рок. Со тоа, тие постапиле спротивно на член 40, став 3 и став 4 од Правилата за котација на Македонската берза.
“На друштвата РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје и Жито Караорман АД Кичево, котирани на Официјалниот пазар на Македонска берза АД Скопје, им се изрекува мерката јавна опомена преку интернет страната на Берзата поради необјавување на неревидирани финансиски извештаи за периодот 01.01.-30.06.2025 година и образложение кон истите во пропишаниот рок, со што не постапи согласно член 40, став 3 и став 4 од Правилата за котација“.













