
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ги повика американските компании да ги укинат кварталните деловни извештаи и да преминат на полугодишно известување, а Комисијата за хартии од вредност на САД (SEC) објави дека го разгледува овој предлог.
Според американскиот претседател, оваа промена би им заштедила пари на компаниите и би им овозможила на менаџерите да се фокусираат на водењето на своите компании, објавува CNBC.
Тој, исто така, ја критикуваше практиката на американските компании да се фокусираат на краткорочни резултати, за разлика од кинеските фирми кои имаат долгорочен пристап.











