
Годишната инфлација во Еврозоната за август е два проценти, што е малку помалку од прелиминарната проценка од 2,1 процент, објави денес Евростат.
Најновите податоци покажуваат дека инфлацијата не се променила во споредба со јули, кога исто така изнесувала два проценти.
Во услужниот сектор на Еврозоната, во август е забележана инфлација од 3,1 процент на годишно ниво, што претставува забавување во споредба со јулските 3,2 проценти.











