
Инвеститорите стануваат сè поскептични кон европските акции и чекаат Германија да ги спроведе ветените фискални реформи, според најновиот извештај на инвестициската банка „Голдман Сакс“ со седиште во Њујорк.
Аналитичарите истакнуваат дека Европа заостанува во време кога вештачката интелигенција го движи растот на американските берзи, а Кина доминира на пазарите во развој, поради што европските акции, како што е наведено, „паднаа на дното на листата со приоритети“.
Пан-европскиот индекс Stoxx 600 ги надмина американските индекси во првиот квартал од 2025 година благодарение на најавата на Германија за стотици милијарди евра модернизација на инфраструктурата и инвестиции во одбраната, но ја изгуби својата водечка позиција во последните недели бидејќи инвеститорите ги префрлија средствата кон американските акции, објавува „Блумберг“.











