
Потпретседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) Луис де Гиндос во интервју за германскиот Велт изјави дека независноста на ЕЦБ е клучен столб на финансиската стабилност во Еврозоната и додаде дека банките и владите мора да ги следат правилата за да ја држат инфлацијата под контрола.
Според него, Европската централна банка ги следи глобалните настани, вклучително и политичкиот притисок врз Федералните резерви на САД. Сепак, тој истакнува дека ситуацијата во Еврозоната се разликува од онаа во Соединетите Американски Држави бидејќи монетарната политика во Европската Унија е заштитена со законска рамка.
„Независноста на централната банка е најдобрата заштита од висока инфлација. Ако властите се мешаат во монетарната политика, инфлацијата и каматните стапки се зголемуваат – историјата го покажува тоа“, рече де Гиндос.











