„Рош“ ја купува американската биотехнолошка компанија 89bio

Швајцарскиот фармацевтски гигант „Рош“ ќе ја купи биотехнолошката компанија 89bio со седиште во Калифорнија, која развива лекови за заболувања на црниот дроб и кардиометаболички заболувања.

Се очекува договорот да достигне вредност до околу 3,5 милијарди долари (околу 2,9 милијарди евра), објавува германската новинска агенција ДПА.

Швајцарскиот фармацевтски гигант денес објави дека ќе плати 14,50 долари во готово по акција за 89bio, што е околу 2,4 милијарди долари. Сепак, доколку во иднина се постигнат одредени деловни пресвртници, вкупната цена на купување ќе се зголеми на околу 20,50 долари по акција, проценувајќи го преземањето на околу 3,5 милијарди долари, објавува ДПА.

Понудата од 14,50 долари по акција претставува премија од 79 проценти во однос на просечната цена на акциите на 89bio при затворањето.

„Рош“ очекува аквизицијата да биде завршена во последниот квартал од оваа година. По склучувањето на договорот, 89bio ќе стане дел од фармацевтската дивизија на „Рош“, објавува ДПА.

Фото: Pixabay